Кривична пријава за Командир на Полициска станица при Регионален центар Север

Сподели со своите пријатели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавнообвинителство Куманово поднесекривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 2 в.в став 1  од Кривичниот законик на РепубликаМакедонија.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на Министерството за внатрешниработи во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им сеисплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетилбуџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Leave a Reply