Криумчарени енергетски напитоци откриени во магацини во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 317 лименки од по 250 мл енергетски напиток биле откриени при преглед на магацински простории на две правни лица од Куманово, извршен од страна на царинските инспектори од Одделението за истраги, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

И во двата случаи на лименките од енергетскиот напиток немало декларација за составот на производот на македонски јазик, туку на странски јазик, што укажа дека стоката е наменета за друг пазар, а сопствениците на правните лица во моментот на контрола не презентирале никакви документи од кои би се утврдило потеклото на стоката односно како истата е набавена.

Поради постоење на основано сомнение дека станува збор за криумчарена стока, истата привремено била одземена, а против правното лице и одговорното лице во правното лице ќе се поднесе соодветна пријава.