Кремљ: Условите на Бајден за преговори со Русија се невозможни

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден всушност изјави дека преговорите со Руската Федерација се можни само откако Русија ќе ја напушти Украина, но тоа е невозможно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Откако Бајден претходно изјави дека не планира контакти со Путин во блиска иднина, но дека дозволува таква можност доколку рускиот претседател покаже интерес за прекин на конфликтот во Украина, тој оцени дека Бајден всушност рекол дека преговорите се можни дури откако Путин ја напушти Украина, пренесува РИА Новости.

Песков посочи дека Кремљ не е подготвен за тоа и додаде дека „специјалната воена операција продолжува“.

Во исто време, Песков нагласи дека Путин „бил, е и останува отворен за преговори со секого“ за Русија да ги постигне своите цели.

Тој посочи дека САД не ги признаваат украинските територии кои се дел од Русија, кои Москва ги анектираше и оцени дека тоа значително го отежнува изнаоѓањето на некаква заедничка основа што ќе овозможи меѓусебна дискусија.

Песков додаде дека обидите за преговори со НАТО, ОБСЕ и САД биле неуспешни.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но дека е подготвен да разговара со него доколку покаже интерес за завршување на војната во Украина и само по консултација со сојузниците од НАТО.

– Немам итни планови да разговарам со Путин – изјави Бајден за време на заедничката конференција во Белата куќа со неговиот француски колега Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.

Loading...

Бајден, сепак, додаде дека е „подготвен да разговара со Путин доколку тој има интерес да најде начин да стави крај на војната“.

– Но тој тоа сѐ уште не го направи – рече Бајден.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.