Кремљ: Украински напади врз градинки и цивилна структура невидени

Сподели со своите пријатели

Украинските напади врз цивилната инфраструктура, вклучително и зградите во кои се наоѓаат градинките, се апсолутно невидени и токму тоа е типот на акција што руската армија сака да ја истреби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање за напад во Мелитопол.

Loading...

„Нападот врз цивилната инфраструктура, вклучително и градинките, е невиден. Нашата армија се бори против такви работи. Затоа тие сакаат целосно да ги истребат ваквите акции“, рече Песков, пренесува ТАСС.

 

Силна експлозија во центарот на Мелитопол, на југот на Украина

 

Двајца хуманитарци се повредени во експлозијата што се случи утринава во центарот на Мелитопол, град на југот на Украина кој е под контрола на руските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Членот на главниот совет на воено-граѓанската управа на регионот Запорожје, Владимир Рогов, ја окарактеризира експлозијата како терористички напад и за тоа ја обвини украинската диверзантско-извидувачка група.