Кремљ: Сѐ уште нема предуслови за мировни преговори за Украина

Сподели со своите пријатели

Руските цели во Украина во моментов можат да се постигнат само со воени средства, нема предуслови за мировни преговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

На новинарско прашање да ја коментира идејата на поранешниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да создаде контакт група на претставници на западните земји за решавање на украинската криза и да каже дали таа иницијатива може да помогне да се стави крај на конфликт, одговори тој негативно.

„Не, не мислиме“, рече Песков, пренесува Интерфакс.

Тој додаде дека засега нема предуслови за „премин на процесот на мирен курс“.

„За нас апсолутен приоритет останува и секогаш ќе остане постигнувањето на зацртаните цели. Сега тие можат да се постигнат само со воени средства“, повтори Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.