Кремљ: Не е јасно што навистина сака Киев

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека ја обвинува Украина за тоа што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, наведувајќи дека не е јасно што сака Киев.

Loading...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека украинското раководство постојано дава контрадикторни изјави.

 

Кина: Забележани Ковид инфекции од непознато потекло во Северна Кореја

 

„Тоа не ни дозволува целосно да разбереме што навистина сака украинската страна“, додаде тој, пренесува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека во неколку наврати се обидел да организира средба со рускиот лидер Владимир Путин со цел да се стави крај на војната, но дека Русија не дејствувала подготвена за сериозни мировни преговори.