Кремљ нападот на анкетираните територии може да го смета за напад врз Русија

Сподели со своите пријатели

Кремљ уште еднаш соопшти дека ќе ги смета нападите врз кој било дел од регионите на Украина што ќе бидат анектирани од Русија како акти на агресија против самата Русија, која, се чини, вклучува и области кои моментално не ги контролира земјата.

Loading...

Ројтерс пренесува дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рекол на новинарите дека Русија „де јуре“ ќе вклучи делови од Украина кои не се контролирани од руските сили во Русија.

Подоцна денеска Владимир Путин ќе потпише декрет за припојување на окупираните Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Руската Федерација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто НАТО не го брани небото над Украина како што го бранеше на Израел?

Од четирите региони, Луганск и Херсон се единствените територии над кои Русија е блиску до целосна контрола.

Линијата на контакт меѓу украинските и руските сили минува низ значителни делови на Доњецк и Запорожје, при што Украина ја одржува контролата врз северните области на секој регион.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.