Креирана нова апликација која ги потсетува децата да им се јават на родителите (видео)

Сподели со своите пријатели

Сигурни сме дека најголемиот дел од корисниците на паметни телефони барем еднаш морала бесконечно да чека одговор на некоја важна порака.

Токму тоа е причината поради која Ник Херберт од Лондон, татко на 13-годишно момче, одлучил да ја креира апликацијата „ReplyASAP“ која децата ги потсетува брзо да одговорат на своите родители.

ReplyASAP презема контрола над екранот на мобилниот телефон, односно го блокира системот на телефонот и активира аларм кој не престанува да ѕвони се додека дететето не одговори на повикот или пораката. Игнорирањето на повикот или пораката кои ги упатуваат родителите е поприлично енвозможно, а апликацијата испраќа и известувања за тоа дали пораката е прочитана.

Освен за деца, оваа апликација е прилагодена и за повозрасните корисници, особено оние кои патат од деменција и оние кои на телефонот го деактивираат звукот или уредот не го држат секогаш покрај себе. Не е баш сосема јасно на кој начин родителите успеваат да ги убедат децата да ја инсталираат оваа апликација, со оглед дека константно ги контролира, но веруваме дека ќе им биде корисна на оние кои ќе ги убедат своите деца.

ReplyASAP моментално е достапна само на Google Play Store и во Велика Британија.

Loading...