Кратовчанец со кривична пријава за напад на специјалец на натпреварот Куманово – МЗТ

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Г.П. (46) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 27.05.2016 година, во периодот од 19,00 до 20,30 часот во спортската сала во Куманово за времето на одигрувањето на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите Куманово и МЗТ-Скопје од страна на публиката биле фрлани различни предмети врз гостинските играчи поради што околу 20,30 часот бил прекинат натпреварот и било побарано да се испразни салата за да може истиот да продолжи.

По ова од страна на Единицата за брзо распоредување било постапено за празнење на салата при што  пријавениот физички нападнал полициски службеник удирајќи го во пределот на рамото, по што истиот паднал од скалите на трибината во салата.