Крак од улица „Моша Пијаде“ ќе стане пешачка патека

Сподели со своите пријатели

По добиена согласност за трајна измена на режим на сообраќај од СВР Куманово, изготвено е решение за трајна измена на сообраќаен режим согласно детален урбанистички план за тој дел од градот, каде што е дефинирано дека крак од улица  „Моша Пијаде“ е пешачка патека.

Loading...

– Во претходните денови на горенаведениот дел е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во следните денови патеката ќе биде затворена за сообраќај и со физички препреки (метални столбчиња). Целта е пешачката патека  да профункционира во целост, без притоа  да има движење од моторни возила на истата,  информираат од Општина Куманово.

Одлуката следува по иницијатива на Советот на Општина Куманово, при што Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата  изготви проектна документација и основен сообраќаен проект со позитивна ревизија за крак од улицата.

Leave a Reply