Крадец остана без гаќи во обид да украде автомобил, но не се откажуваше (видео)

Сподели со своите пријатели

Стравична сцена се одиграла во среда навечер недалеку од Вашингтон кога крадец се обидел да украде автомобил кој бил во движење.

Крадецот најверојатно се обидел да го исфрли сопственикот од автомобилто додека возилото стоело, но тој додал гас. Крадецот се фатил за рачката како од тоа да му зависи животот, додека возачот го влечеше по улицата. Шокираните минувачи го снимиле призорот кој се одиграл пред нивните очи.

Во еден момент крадецот кој се влечеше по патот остана и без своите гаќи, но не се откажуваше од својат анамера, туку и натаму се држеше за рачката обидејќи се да го украде автомобилот.

За серќа во еден момент пристигна и полицијата која употреби и тејзер за да го смири крадецот. Медиумите пренесоа дека момчето е повредено, но дека неговата судбина не е позната.

 

Loading...