Кожна јакна – нов фаворит за пролетните денови

Сподели со своите пријатели

Кога во прашање е преминувањето на годишните времиња, нема сомнеж дека кожните јакни се едно од омилените парчиња облека, кои на секоја комбинација даваат нота на одважност, а со тоа и одличен спас, кога во прашање се непредвидливи промени на времето.

Loading...

Кожните јакни со децении наназад се наоѓаат на самиот врв на омилените класични оарчиња, кои одлучно се вклопуваат со секоја комбинација, а покрај тоа еден се од оние парчиња во кои вреди да се вложи, па од сезона во сезона со задоволство им се враќаме.

Оваа сезона особено актуелни се два модели, класичните црни, бајкерски кожни јакни и оние со нешто поженствен крој.

Класичната црна кожна јакна и натаму е омилено парче, затоа што идеално се комбинира со секој аутфит и без оглед што ќе облечеме, ќе направат да изгледаме стилизирано и со став.

Вториот модел оваа сезона се кратки акни од превртена кожа, разновиден колорит, кои се одличен избор за разиграни пролетни модни комбинации.

Со оглед дека во овој период се уште се облекуваме повеќеслојно, кожната јакна можете да ја облечете преку фустан и да имате феноменална комбинација за вечерното излегување.

Loading...

Leave a Reply