Костовски: Се реконструира магистралата Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

На вкупно 500 километри во државата се работи во овој момент, од кои над 120 километри само во кумановскиот регион, рече денеска на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски. 

Loading...

Државата, како што рече, се одолжува на Куманово.

– Околу 60 милиони евра се инвестираат во патната и комуналната инфраструктура во Куманово. После игнорантскиот однос од 11 години од претходната Влада на Вмро-Дпмне, денес сме сведоци дека Куманово е ставено на врв на приоритети на инвестицискиот план на Владата. Овие регионални патишта околу Куманово никој не ги реконструирал повеќе од 40 години, со реконструкција на патиштата целосно ќе се подобри патната инфраструктура со што ќе се обезбеди побрз и побезбеден транспорт на граѓаните. Рокот за завршување на оваа магистрала е до пролетта 2020-та година. Со оваа магистрала се распишани и два тендери за два моста, на Градежниот факултет завршува проектирање на големиот т.н. Искрин мост на реката Пчиња, која ќе чини околу  2,5 милиони евра, рече Костовски.

Куманово во наредниот период, како што истакна првиот човек на кумановскиот огранок на партијата,  ќе остане во главните приоритети на Влада на Република Северна Македонија.

Leave a Reply