Костовски: СДСМ Куманово со тужба ќе бара утврдување на сопственост за посочениот објект

Сподели со своите пријатели

Конитинуираниот пораз на ВМРО ДПМНЕ во Општина Куманово дефинитивно остава тешки фрустрации и комплекси. Наместо новото раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Куманово да извлече поука од погрешните постапки и политики на нивните претходници и притоа да дадат јасни визии и насоки за подобар живот на граѓаните на Куманово, тие продолжуваат да се занимаваат со депласирани теми, стои во реакцијата на претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, по вчерашната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ од каде потенцираа дека париски простории се издадени на угостителски објект.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Почитувани пријатели, сакам да ја знаете фактичката состојба за сопственоста на ззградата на поранешен Комитет. Во идниот период ОО на СДСМ – Куманово преку поднесување на тужба до Основен Суд во Куманово ќе бара утврдување на сопственост за посочениот објект. Бидејќи како партија – наследник на Сојузот на комунисти, СДСМ има право на поседување и управување со конкретниот имот.

Тоа што вашата партија на крајно нетранспарентен начин се стекна со право на владение на просторот на поранешна „Томбола“ и истиот го користи како прес центар, притоа не поседувајќи доказ за сопственост и владение е доказ за вашите обиди да манипулирате со граѓаните. Основниот принцип на Социјалдемократскиот сојуз е да се залага и да се бори за правата на граѓаните и да работи транспарентно и отчетно, стои во реакцијата на Костовски.

Leave a Reply