Косовски Албанец приведен со 11 килограми хероин, откако го намирисале кучињата

Сподели со своите пријатели

Косовскиот Албанец А.С. (50) е уапсен во Драч, Албанија, кога во неговото возило биле пронајдени 11 килограми хероин.

Loading...

Според албанските медиуми, осомничениот, кај кој бил пронајден хероин, живеел во Швајцарија неколку години.

При контрола на возилото на А.С. албанската полиција, со помош на куче-трагач, успеала да открие наркотици скриени во резервна гума и специјално изработен бункер.

Пронајдени се 25 пакувања кои содржат 11 кг наркотици за кои се претпоставува дека се хероин.

Осомничениот е уапсен, одземена е дрогата, а ќе се поведе судска постапка за кривично дело „трговија со наркотици“.

Се сомнева дека дрогата била во транзит и дека крајната дестинација била Италија.

Leave a Reply