Кошаркарскиот дрес на Обама продаден за 120.000 долари

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот дрес на поранешниот американски претседател Барак Обама продаден е во понеделник на аукција за 120.000 долари, соопшти куќата која ја организирала продажбата во Тексас.

Loading...

Купувачот на овој исклучително скап дрес сакал да остане анонимен, а според првичните инфромации дел од приходите ќе одат во образовни цели.

Организаторите на аукцијата истакнале дека за дресот на Обама имало 27 понуди.

Дресот со број 23 Обама го носел кога имал 18 години, во средно училиште на Хаваи, каде што живеел, соопштила аукциската куќа која ја организирала продажбата на дресот.

Обама во 1979 година играл кошарка за екипата Пунахоу од Хонолулу, која станала државен првак на Хаваите.

Дресот пред аукцијата бил проценет на околу 100.000 долари.

Инаку, поранешниот претседател на САД Барак Обама е љубител на ошарката која често ја игрла и додека бил во Белата куќа, со персоналот на претседателската резиденција, како и со гостите.

Leave a Reply