Кошаркарот Вукашин Мандиќ со отворено писмо до кумановската јавност

Сподели со своите пријатели

Кошаркарот на КК Куманово, Вукашин Мандиќ, со отворено писмо испратено до редакцијата на Кумановски Муабети,  сака да ја запознае кумановската јавност за последните случувања во клубот, а воедно да истакне дека ниту тој, ниту некој друг играч може да влијае на промената на тренерот, се вели во писмената реакција на кумановскиот кошаркар.

Неговото обраќање го пренесуваме интегрално.

Во оваа прилика би сакал да се обратам до кумановската јавност поради хајката која се води против мене веќе подолг период од страна на некои луѓе предводени од еден, ако може така да се нарече поранешен „кошаркарски тренер“.

Прва работа: Би сакал да кажам дека КК Куманово е еден сериозен спортски колектив кој има реноме во Република Македонија, и кој за наша среќа го водат успешни и исполнети луѓе со кариера. И како таков не може да си дозволи Вуле Мандиќ или било кој друг Вуле Мандиќ, да влијае на раководењето со истиот, а камоли да носи така важни одлуки како што е смена на тренер.

Втора работа: Многу ме погоди изнесувањето на невистини во јавноста од страна на мојот пријател Страшо Тодоровиќ кој го гледав како татко од денот кога на моја среќа дојдов во КК Куманово на инсистирање на исто така голем пријател и тогашен тренер Горан Димитријевиќ.

Споменатиот Страшо со помош на моите соиграчи и мене направи вистински успех и го доведе нашиот клуб во минатогодишното финале, и донесе многу радости за нашите навивачи.

И покрај тоа што господин Страшо ни ден денес не знае што значат кошаркарските термини (pick and roll, pick and pop, а камоли некои други стручни работи) кои излегуваат на виделина кога е тешко и кога на екипата и треба помош од тренерот за да се добие натпреварот. Но, на чичко Страшо не треба да се лутиме, затоа што тој сепак немал од кого да научи и да види, затоа што неговата „висока“ менторска тренерската табла служи за ЧИСТЕЊЕ СНЕГ ОД АВТОМОБИЛОТ.

Би ги повикал сите наши навивачи да го поддржат овој тим и луѓето кои го водат овој клуб и трошат многу енергија, конечно да се донесе трофејот и во нашиот град, се вели во писмената реакција на кошаркарот Вукашин Мандиќ.