Кошаркарите на Куманово утре против Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре во рамки на 5. коло од домашниот шампионат гостуваат кај составот на Кожув од Гевгелија.

По минатонеделниот пораз од актуелниот шампион Работнички, избраниците на тренерот Александар Петровиќ ќе се обидат да се вратат на победничката патека од стартот на сезоната.

Кумановци не се лесен противник, но и Кожув знае да изненади, дополнително со фактот што во своите редови ги има поранешните кумановци Никола Караколев, Александар Штерјов и Миладин Пековиќ.

Натпреварот се игра утре со почеток во 17:30 часот со директен преност на МРТ.

Leave a Reply