18.12.2016 23:32

Кошаркарите на Куманово убедливо против Вардар


Кошаркарите на Куманово ја забележаа четвртата по ред победа во домашното кошаркарско првенство, откако викендов на гостински терен убедливо го совладаа составот на Вардар со резултат 92:67.

Победата на Куманово беше решена уште во првата четвртина од средбата кога со убедливо водство од 16 поени избраниците на Србиновски направија резултат 24:8. Добрата игра продолжи и во вторите десет минути од првото полувреме, кога сино-белите направија водство од 29 поени разлика, односно резултат 44:15. Кошаркарите на Вардар со сите сили се трудеа да ја стопат разликата, па на полувреме таа изнесуваше 18 поени во корист на кумановци, односно првиот дел од средбата заврши со резултат 69:51.

За еден поен подобри беа домаќините во третата четвртина од мечот, кога реализираа 18 поени, наспорти 17те на КК Куманово, па разликата во резултатот не беше драстична. Брилијатно бо последната четвртина од средбата кумановци одиграа 23-16, па на крајот на мечот славеа во Скопје со резултат 92:67.

Со 27 поени најдобар во редовите на Србиновски беше Данило Мијатовиќ, кој воедно беше и најдобриот кошаркар на мечот, веднаш зад него со 13 поени и 12 скока се најде репрезентативецот Јанески, а зад него Караџовски со реализирани 15 поени и исто толку асистенции.

Во редовит ена домаќинот со 15 поени најдобар беше Јетмир Зекири, а со два поени помалку Калов.

Ова е четврта победа за сино-белите во рамките на домашниот шампионат, но прва без капитенот Костоски. Следниот меч го играат во среда на домашен терен кога го пречекуваат составот на Струмица во рамките на седмото коло.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments