07.04.2019 19:27

Кошаркарите на Куманово немоќни против Работнички


Кошаркарите на Куманово забележаа пораз на стартот на Супер лигата, откако на домашен терен беа совладани од Работнички со 57:75.

Првата четвртина Работнички ја доби со четири поени предност, за да на полувреме заминат со позитива од вкупно 10 поени, односно резултат 28:38.

loading...

Катастрофална трета четвртина забележаа кошаркарите на Куманово, кога гостинскиот состав оствари 21 поени, наспроти домашните 9, за да на крај сепак шампионот ја оправда фаворитската предност и ја однесе првата победа во Супер лигата.

Од редовите на домаќинот со 16 поени најефикасен беше Бранислав Ѓекиќ, со 11 мечот го заврши репрезентативецот Адем Мекиќ, а со поен помалку Филип Думиќ.

Со 22 поени кај Работнички најдобра игра прикажа Бојан Крстевски, а по 14 впишаа Марјан Јанески и Чавдар Костов.

Следниот меч Куманово го игра на гости против составот на Гостивар.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments