Кошаркарите на Куманово ги „прегазија“ странците на Шкупи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово обезбедија уште една победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен ја совладаа „Легијата на странци“ во составот на КК Шкупи со резултат 117:99.

 

Loading...

 

Првата четвртина беше прикажана ефикасна игра на двете екипи, се играше кош за кош, иако Куманово имаше константно благо водство во резултатот. По првите десет минути на паркетот избраниците на тренерот Александар Петровиќ имаа водство со резултат 28:25.

 

 

Почетокот на втората четвртина беше извонреден за домашниот состав, па со серијата од 14:4 кумановци направија солидно водство од 43:29, за да до крајот на првиот дел од средбата константно го зголемуваат своето водство и на полувреме заминаа со 61:40.

 

Loading...

 

Веќе беше јасно дека гостите од Чаир нема да направат големо изненадување на мечот, бидејќи стартот на полувремето за КК Куманово повторно беше извонреден. Поставија резултат 70:44 и влегоа во релаксирана игра.

 

 

Вкупно 60 поени беа реазлириани во третиот период, од кои 31 за составот на Куманово, а 29 за составот на Шкупи. Одбраната ослабна во двата ростери, па во последните десет минути шанса добија и најмладите кошаркари на Куманово кои им парираа на црнците на тренерот Мифтари.

 

 

Целата прва петорка на Куманово има двоцифрени поени. Со 20 стрелец на мечот беше репрезентативецот Димитар Караџовски, веднаш по него со три поени помалку се наоѓа Адем Мекиќ, 12 впиша Никола Караколев, а по 11 натпреварот заврши за Марјан Јанески и Александар Штерјов.

 

Loading...

 

Во составот на Мифтари најефикасни беа Виктор Серафимовски и Џордан Рид со по 19 поени.

 

 

Куманово и натаму останува на четвртата позиција во табелата, со еден поен зад МЗТ Скопје Аеродром. До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште две кола. Во следното 21. коло Куманово гостува кај Блокотехна, а завршен ќе биде натпреварот на домашен терен против Гостивар кој со ист број бодови е на четвртата позиција од табелата, по што ќе следува и завршницата од сезоната.

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

Leave a Reply