Користите туѓ профил за Нетфликс? Имаме лоши вести за вас!

Сподели со своите пријатели

Лоши вести од Нетфликс за луѓето кои споделуваат профил со други.

Loading...

Некои корисници на оваа платформа за стриминг започнаа да добиваат известувања со барање да потврдат дека живеат со сопственикот кој се претплатил на „Нетфликс“ преку неговиот профил.

Ова е само еден од тестовите за верификација, а компанијата најавува дека ќе има слични верификации.

 

 

Компанијата „Нетфликс“ се обидува да ги оневозможи нерегистрираните корисници кои користат споделена лозинка за пристап до содржината, следејќи ги своите корисници кои плаќаат за услугите на платформата, но ја споделуваат лозинката.

„Ако не живеете со сопственикот на овој профил, потребна ви е вашата лична сметка за да продолжите да гледате“, гласи пораката од Нетфликс, што ја добиле некои корисници.

Loading...

Корисниците исто така треба да користат код испратен со СМС или е-пошта до сопственикот на профилот за да продолжат.

 

 

Според портпаролот на Нетфликс, секоја година се прават „стотици“ тестови на клиенти. Пробниот период исто така може да се искористи за да помогне во заштитата на вашиот профил, а не нужно само за да се потисне споделувањето на лозинка.

„Овој тест е дизајниран да им помогне на луѓето кои користат профили на „Нетфликс“, да бидат овластени да го сторат тоа“, велат од компанијата.

За време на пробниот период, корисниците можат да потврдат дека имаат пристап до нивниот профил користејќи код испратен преку е-пошта.

 

Loading...

 

Во октомври 2019 година, директорот на производите Грег Питерс рекол дека компанијата размислува да сподели лозинки, но посочи дека во моментов нема големи планови во врска со тоа.

Нетфликс има околу 37 милиони нови претплатници во 2020 година и сега има повеќе од 200 милиони претплатници ширум светот.

Leave a Reply