Копањето тунели веќе не е во мода: Банда во Мексико упадна со автомобили и ги изнесе затворениците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во еден од најдраматичните напади досега во Мексико, група бандити со неколку возила упаднаа во затвор во централно Мексико и побегнаа со девет затвореници, соопштија локалните власти.

Loading...

Официјални лица од државата Хидалго, северно од Мексико Сити, изјавија дека во нападот што се случи пред зори, двајца полицајци се повредени.

Државната полиција соопшти дека војници, полицајци и припадници на Националната гарда тргнале во потрага по избеганите затвореници.

Полицијата не ја идентификуваше целосно вооружената банда која учествуваше во бегството од затвор.

Државниот секретар за внатрешни работи Сајмон Варгас изјави дека „во затворот влегла вооружена група со неколку возила, а во близина на затворот биле запалени две возила како дел од операција на криминална група, како одвраќање“.

 

 

Loading...

Локалните медиуми јавија дека запалените автомобили биле пронајдени во градот Тула по нападот со автомобил-бомба.

Употребата на автомобили-бомби од страна на банди во Мексико беше исклучително ретка, а во еден таков напад во градот Сиудад Хуарез на северната граница во 2010 година беа убиени три лица.

Но, бандите во Мексико често палат возила за да го одвлечат вниманието на полицијата, а запалените возила може да изгледаат како да експлодираат кога пламенот ќе стигне до нивните резервоари со бензин.

Тула е и седиште на голема рафинерија за нафта, а областа е „богата“ со банди крадци кои дупчат нелегални чешми во цевководи во државна сопственост за да вадат бензин и дизел.