Конте: Тешко ми беше да спијам пред натпреварот со Барселона

Сподели со своите пријатели

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте имал непроспиени ноќи за време на подготовките за дуелот против Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионите.

На крајот на минатата недела „сините“ го победија со 4:0 дома Хул Сити во натпревар од Купот на Фудбалската асоцијација на Англија.

– По средбата од Купот ми беше тешко да спијам. Кога играш такви дуели, треба да се подготвиш на најдобар начин. Станува збор за многу нешта и детали. Имаме идеја, имаме план во нашите глави. Во овој специфичен момент, важно е играчите да бидат во најдобра форма. Треба се обидеме да го дадеме најдоброто во овој судир. Нема да ни биде воопшто лесно. Треба да бидеме крајно внимателни и да го играме нашиот стил. Го започнуваме овој натпревар како аутсајдери. Тоа е сигурно, прокоментира Конте на прес-конференцијата.

Челзи ја отстрани Барселона во пролетта 2012 година, кога беше и единствениот пат, кога ја освои Лигата на Шампионите.

Leave a Reply