Конституиран Советот на општина Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово денеска беше конституиран Советот на општината, а за претседател е избрана Атина Мургашанска, од Коалицијата предводена од СДСМ.

 

Loading...

 

Во општинскиот совет на Куманово, Коалицијата предводена од СДСМ брои 16 члена, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 11, ДУИ тројца, БЕСА двајца и еден советник е од Алијанса за Албанците.

 

 

Претходно беа  избрани претседател и членови на  верификациската комисија која ги верифицираше мандатите на советниците, а седницата ја водеше највозрасниот член на Советот, Фериз Дервиши.

 

Loading...

 

Мургашанска е прва жена претседател на Советот на општина Куманово. Таа во изјавата за медиумите, рече дека е убедена оти ќе има  плодна и конструктивна дискусија со сите советници, во интерес на граѓаните.

– Со креативни предлози, квалитетна демократска расправа ќе дојдеме до најдобри решенија во донесувањето на одлуките за кои е надлежен Советот.  Сите, независно од политичката определба, етничката или друга припадност, сме со иста цел да креираме такви политики, да донесуваме такви одлуки, да работиме за подобар живот на граѓаните на општина Куманово. Се надевам и на успешна соработка со новоизбраниот градоначалник Максим Димитриевски, изјави Мургашанска.

 

 

Мургашанска беше носителка на листата на СДСМ. По професија е правник, вработена во Североисточниот плански регион и координаторка на форумот на жени на СДСМ Куманово.

 

 

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, им го честиташе мандатот на советниците и рече дека ќе соработува со сите советници, во интерес на граѓаните на општината.

– Како поранешен советник, ќе имам комплетно разбирање за советниците и за барањата кои ќе произлезат, ќе се обида да го дадам својот максимум да имплементирам проекти кои ќе ги понудат советниците во рамки на развојната програма на општината, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Координаторот на советничката група на Коалицијата „За подобра Македонија“ Драган Петковски им го честиташе мандатот на колегите советници и истакна дека ќе бидат конструктивна опозиција. Тој упати забелешка дека советот се конситуира со задоцнување.

 

 

На оваа седница беа избрани и советниците кои ќе учествуваат при склучување бракови во подрачните одделенија – Романовце, Табановце и Клечовце на подрачјето на општина Куманово, а беа избрани и членови и претседатели на комисиите за буџет и финансирање, комисијата за комунални дејности, за култура, образование и спорт и комисијата за одбележуавње празници и манифестации.

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

Текст: МИА / фото: Кумановски Муабети

Loading...