Конгресот на САД одобри 700 милијарди долари за војската

Сподели со своите пријатели

Републиканците и демократите во Претставничкиот дом и Конгресот на САД заеднички го усвоија буџетот за одбраната со кој се издвојуваат 700 милијарди долари за војската на САД и одговори на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Буџетот на одбраната за 2018 година е усвоен со 356 гласови за и 70 против, а поддржувачите тврдат дека ќе може да бидат платени повеќе војници, авиони, бродови и друго оружје за да се спречи опаѓање на борбената готовност.

Одобрени се повеќе пари отколку што бараше претседателот Доналд Трамп.

Во рамките на Буџетот, 12,3 милијарди се наменети за Агенцијата за ракетна одбрана и се налага забрзано јакнење на ракетната одбрана на земјата со оглед дека Пјонгпјанг не се откажува од развојот на проектили способни да го погодат копното на САД.

Предвидена е изградба на 28 пресретнувачи земја-воздух, антиракетни проектили кои би се лансирале од подземни силоси на Аљаска во случај САД да одлучат да соборат севернокорејска ракета која се движи кон САД и чија цел е да се судрат надвор од Земјината атмосфера и уништат непријателска ракета со силен удар.

Од министерот за одбрана Џејмс Матис е побарано да состави план за подигање на вкупниот број на тие пресретнувачи од 44 на 104, како и Пентагон да набави повеќе пресретнувачи за бродови и ракети за мобилен антиракетен систем THAAD.

Одобено е купување повеќе авиони отколку што побарал Трамп.

По усвојувањето во Претставничкиот дом, буџетот оди на потврда во Сенатот пред да биде потпишан од Трамп и да стапи на сила.

Севернокорејскиот амбасадор во ООН Џа Сонг Нам наведува во писмото на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека поради распоредувањето на американски носачи на авиони со борбени групи во нападачка формација околу Корејскиот полуостров, невозможно е да се предвиди кога ќе избие нуклеарна војна.

– Големите нуклеарни воени вежби и уцени кои САД ги изведува без дозвола година дена во соработка со следбениците за да се загуши нашата Република, доведува до заклучок дека опцијат акоја ја избравме е исправна и дека по тој пат треба да одиме до крајот, пишува во писмото.