Џорџ Кирби и Дорин Лаки ќе се венчаат на 13 јуни, кога тој ќе наполни 103, а таа 91 година.
Годините не ги спречуваат во исполнување на нивната желба да се венчаат, а со ова тие ќе станат најстарите младенци во светот. Овие Британци се запознале во 1988 година и заедно живееле 25 години. Имаат седум деца, 15 внучиња и седум правнуци. Велат дека се запознале преку Агенција за осамени лица.
На Денот на вљубените годинава, Кирби конечно ја побарал раката на неговата сакана.
– Не клекнав на едно колено, бидејќи мислам дека немаше да можам да станам, опишува младоженецот како ја запросил својата невеста.
Двојката живее во источен Сасекс и планираат да останат заедно до крајот на животот.