Кон крајот на неделата заладување и услови за врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска повторно сончево со мала до умерена локална облачност и температури невообичаени за овој период од годината.

Така, според порталот accuweather, денес во Куманово и околината максималната дневна температура ќе достигне и до 13-от степен, а во текот на ноќта температурата ќе биде два степени во позитива.

Топлото и стабилно време ќе се задржи до среда, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник и среда, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска  магла. Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север четврток и ноќта кон петок ќе предизвика повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и планините од снег.