Кон крајот на неделата дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната од 31 до 38 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе започне од петок.

Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.

Leave a Reply