Кон крајот на денот услови за врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во текот на денот со мала до умерена облачност која ќе започне да се зголемува во текот на попладневните часови и ќе донесе услови за врнежи од дожд проследени со електрични празнења.

Низ кумановско денеска ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови темптературата ќе се движи околу седум степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 18 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски

Loading...