Компјутерот чии предвидувања досега беа точни има нова страшна прогноза

Сподели со своите пријатели

Компјутерскиот програм развиен на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) предвидува кога и како ќе дојде крајот на човековата цивлизација. Според предвидувањата, тој крај е многу близу.

Во 1973 година, на МИТ е развиен компјутерскиот програм „World One“ како модел кој прикажува и предвидува глобална одржливост. Наместо тоа, тој предвидува дека до 2040. година нашата цивилизација ќе заврши.

Пет предвидувања за крајот на светот кои предизвикуваа вистинска хистерија

Loading...

Додека многумина во историјата направиле апокалиптични предвидувања, кои досега не се оствариле, она што компјутерот го предвидел во седумдесеттите години во голема мера се остварило. Дали машината е во право?

– Околу 2020. година условите на планетата ќе стануваат критични. Ако не направиме ништо околу тоа, квалитетот на животот ќе падне на нула. Загадувањето е толкаво што започнува да убива, популацијата паѓа на ниво под 1900. година. Во оваа фаза, околу 2040 до 2050 година, цивилизираниот живот каков го познаваме на оваа планета ќе престане да постои, се наведува меѓу останатото, пишува „Big Think“.

Како настанала програмата „World One“?

Компјутерската програма „World One“ ја креирал Џеј Рајт Форестер (1918 – 2016), професор на МИТ и еден од пионерите на компјутерството, на барањето на „Римскиот клуб“.

 

 

Тој глобален тинк танк, кој е собиран со различни меѓународни прашања на широк фронт од политика до заштита на околината, втемелени се во 1968. година од италијанскиот индустриец Аурелио Печи, шкотскиот научник Александер Кинг и американскиот милијардер Дејвид Рокфелер. Римскиот клуб го составуваат мислители, некогашни светски лидери, научници и бирократи од ООН, а нивната цел е „промовирање на развојот на глобланите предизвици со кои човештвото се соочува и предлози за решавање низ научна анализа, комуникација и заговарање на идеи“.

Римскиот клуб во 1972. година ја објавил студијата „The Limits to Growth“ (Границите на растот) чии автори биле научници од МИТ. Во студијата научниците предводени од Денис Медоус користеле компјутерски модели, меѓу кои и „World One“ за да разоткријат неколку можни сценарија за иднината на човештвото.

Сценариото „business-as-usual“ (се по старо) во далечната 1972. година предвидувало дека во светот, доколку луѓето продолжат неограничено да ги консумираат природните ресурси, ќе дојде до глобален економски колапс, што ќе доведе до вртоглав пад на светската популација околу 2030. година.

ТАЈНИ БЕЛЕШКИ НА ИСАК ЊУТН: Физичарот пресметал кога ќе биде крајот на светот

Студијата „Границите на растот“ преведена е на 37 јазици и дистрибуирана во 12 милиони примероци, а пред 46 години предизвикала контроверзни реакции и ги поделила научниците, додека едните аплаудирале, другите ја критикувале методологијата на истражувањето.

Што покажале подоцнежните истражувања?

Австралискиот физичар Греем Тарнер во 2012. година во „Smithsonian Magazine“ предупредил дека песимистичните предвидувања од студијата „Границите на растот“ во голема мера се остваруваат. “Се што во студијата предвидува сценариото business-as-usual’ (BAU)  многу добро се поклопува со јавно достапните глобални податоци за популацијата, производството на храната, индустриското производство, загадувањето и потрошените необновливи ресурси.

 

 

Loading...

Извештајот „Living Planet Report“ кој Светската здравствена организација за заштита на природата (WWF) ја објавува секоја година, покажува дека човештвото троши природни ресурси многу побргу од што Земјата може да ги обнови. Со други зборови, за да ги задржиме сегашните активности, веќе сега конзумираме еквивалент на 1,7 планети. Оваа година светот на 1. август влезе во еколошкиот долг, што значи дека само во седум месеци сме ги потрошиле сите ресурси на Земјата за оваа година. Тоа е најрано откако постојат мерењата, при што треба да се има на ум дека светот во еколошкиот долг за прв пат влегол кон почетокот на седумдесеттите години.

– Денот на еколошкиот долг доаѓа најрано откако се вршат мерењата. Тоа се случува затоа што во атмосферата емитуваме повеќе јаглерод диоксид отколку што океаните и шумите можат да апсорбираат, ги исцрпуваме залихите со риби и ги сечеме шумите побргу од што можат да се репродуцираат и повторно да израснат, стои во извештајот.

Софија е весела, се смее, раскажува вицеви, но може да му го донесе крајот на светот (видео)

Климатските промени

Се сложувале или не со студијата „Границите на растот“ и сценаријата на компјутерската програма, многумина научници денес како најголема закана за нашата цивилизација ги гледаат климатските промени. Во август годинава во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences” (PNAS) објавена е студија која покажува дека дури и ако сите држави во светот го поддржат Парискиот споразум за ограничено емитување на гасови, постои голема опасност Земјата да влезе во услови кои климатолозите ги нарекуваат „стаклена градина“.

Leave a Reply