Компјутер кој без грешка открива болести

Сподели со своите пријатели

Вештачката интелигенција вградена во многу технологии. Чекор по чекор ја освојуваат медицината. Не можат да го заменат лекарот, но во дијагностиката без нив не се може.

Loading...

Кој работи тој и греши. Но, во некои области грешките се опасни и можат да чинат живот. Во медицината, на пример, погрешна дијагноза може да биде фатална – затоа научниците на големо работат на тоа стапката на грешки во иднина да биде многу намалена и тоа со помош на вештачката интелигенција (ВИ).

Иако многу искусни лекари се критички кон употребата на ВИ во болниците и практичната медицина, научниците во лабораториите ширум светот непрекидно ја истражуваат можноста за примена на оваа технологија, чиј дајапазон е изненадувачки разнолик.

Препознајте ја на време болеста која ќе ја наследат вашите деца

Кон средината на февруари 2018 година, истражување на кинеските научници предизвикало сензација. Лекарите со помош на вештачка интелигенција проучиле болнички картони на 1,362 милиони деца и адолесценти на старосна возрасто до 18 години. Обработени се над 100 милиони податоци. Се покажало дека ВИ е во состојба да идентификува пациенти, кои мораат итно на лекување. Вештачката интелигенција тоа може да го установи подобро од неискусните лекари.

Исто така, технологија би можела да укаже на ретки или тешко препознатливи наследни болести, кои семејните лекари често не ги препознаваат, до ваков заклучок доше научници од Медицинскиот факултет Гуанџоу и објавени се во списанието „Nature Medicine“. Станува збор за група лекари собрани околу познатиот професор и експерт за генетика Канг Чанг.

Човечкиот здив содржи многу супстанци кои можат да се користат за откривање различни болести. Но, човечкиот нос не е доволно чувствителен во целост да ги согледа стотиците соединенија во здивот. Британските истражувачи развиле технологија водена од ВИ, која работи подобро од човечкиот нос.

Дишењето на пациентите се детектира со различнис ензори. Врз основа на тоа компјутерот пресметува 3Д графика со ВИ. Така одредени молекули во здивот покажуваат дека пациентот има рак.

Loading...

Сензорите рано тоа можат да го препознаат и просто се жедни знаење. Чувајќи ги информациите за пациентите и споредувајќи ги со медицинските наоди, компјутерите можат да постават се попрецизни дијагнози.

Перцепција на болка

Каде боли? Тоа е стандардно прашање при посета на лекар. Но, не секогаш е лесно прецизно да се лоцира болката или прикладно да се опише на вашиот лекар. На пример, децата или пациенти со деменција многу тешко правилно можат да ја лоцираат болката. ВИ би требала да помогне во автоматското лоцирање и разоткривање на болката.

Тоа функцинира вака: сензорите со висока резолуција мерат како пациентот физички реагира на стимулансот на болка. Со помош на реакција на кожата, мускулите, дишењето и циркулацијата, компјутерот пресметува субјективно искуство на болка.

Дијагностика на генетски болести со компјутерско очитување на лицето

Друга апликација за рано откривање на болести е очитување на лицето. Вештачката ителигенција е смислена да им помогне на лекарите да идентификуваат ретки генетски пореметувања кај децата и тоа со прецизни биометрички мерења на лицето. Измерените податоци се споредуваат со информации од рпетходно, сочувани во банка за податоци за пациентот, која опфаќа специфични генетски предиспозиции. Некои ретки генетски болести можат да бидат препознаени врз основа на формата на главата или положбата на очите.

Рано препознавање на ризиците

Вештачката интелигенција не може да го замени лекарот, но е од голема помош особено во дијагностика на рак на кожа. Една студија покажала дека „тренирана“ машина, во чиј компјутер има бројни фотографии со многу опасни типови рак на кожа, во многу помал обем можат да предвидат опасни меланоми отколку искусните дерматолози.

Loading...

Во меѓувреме ВИ се користи и за гастроентерологија. На пример, кога треба поефикасно да се детектира дали е потребно да се отстранат полипи во слузницата на цревата.

Замена за психотерапевти?

Ако ви е потребен термин кај психотерапевт, морате да бидете трпеливи. Вештачката интелигенција во фаза на чекање би можела привремено да замени психијатар или психотерапевт.

Техниката се заснова на когнитивната теорија на однесување: пациенти, кои покажуваат симптми на депресија, можат да комуницираат со „четбот“, кој го управува вештачката интелигенција. Машината така го прашува пациентот како се чувствува, дава совети за тоа на кој начин треба да се пристапи на своите проблеми и достапна е за разгорови 24 часа дневно. Една студија, која ја спровеле американски студенти, покажува повлекување на депресијата кај пациентите кои редовно го користат „четботот“.

Leave a Reply