Компанијата ”Кока – кола” докажа дека на луѓето им судиме според изгледот (видео)

Сподели со своите пријатели

Интересен проект спроведе светската компанија ”Кока – кола” во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, нарекувајќи го проектот ”Тргнете ги ознаките за Рамазан”, така што во темна просторија на шест минути, стави на иста маса мажи од различна вера, нација и физички способности.

Loading...

На иста маса се најдоа Арапи, истетовиран рокер, но и маж во инвалдиска количка.

Тие во меѓусебен разговор, не знаеја кој како изгледа, и поведоа дискусија како да се знаат долго време, без да знаат со кого разговараат.

Во меѓувреме, кога режијата ги запали светлата, им стана јасно дека се работи за луѓе со изглед различен од оној кој го замислувале, така докажувајќи дека сите ние, градиме предрасуди на база на надворешниот изглед.

Погледнете како се одвиваше разговорот меѓу шестемината мажи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.