Компанијата „Дабо груп“ ќе додели дрво за огрев на 10 социјално загрозени семејства

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Дабо груп“ од Куманово ќе додели по два метри кубни дрво за огрев на 10 социјално загрозени семејства.

Целта на ваквата хуманитарна акција како што велат од компанијата е да се излезе во пресрет на семејствата кои немаат доолно финансиски средства да обезбедат огревен материјал за зимскиот период од годината.

Сите оние кои имаат потреба за хуманитарната помош може да го посетат нивниот склад лоциран на улицата „Моша Пијаде“ број 230 по што вработените во компанијата ќе извршат селекција на најзагрозени 10 семејства на кои ќе им помогнат со по два метри кубни огревно дрво.