Комеморација во чест на новинарот Стоже Божиновски

Сподели со своите пријатели

Комеморативна седница по повод смртта на доајенот на кумановското новинарство Столе Божиновски утре ќе се одржи во кружната сала на поранешен комитет со почеток во 11:30 часот.

На комеморацијата ќе присуствуваат членовите на неговото семејство, колегите, пријателите и долгогодишните соработници.

Божиновски почина вчера на 75-годишна возраст. Роден е во кумановското село Довезенце, а работел првин како просветен работник, па својата кариера ја започнува и во новинарските води. Работи за Радио Куманово, Наш весник, а подоцна и во РТВ Куманово. Во својата богата кариера работел како дописник за повеќе југословенски весници, но и за македонскиот „Утрински весник“.

Погребот ќе се одржи утре (сабота) во 13 часот на градските гробишта во Куманово.