Командантот Јордан Цеков – Дане се присети на првото излегување во партизани (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската Организација на Сојуз на борци од НОБ во Куманово, денес со положување на свежо цвеќе, одбележа 72 години од првото излегување на 11 -те партизани и нивно приклучување во Црнотравскиот – партизански одред.

Loading...

Пред бистата на борците од НОБ подигната на местото на некогашната бавча на таткото на Јордан Цеков – Дане, во 1943 година, 7 партизани заедно со останатите четворица кои се сретнале во бавчите во село Бедиње, организираат свое јадро кое подоцна се приклучува на борбите од НОБ, истакна денес Благе Јакимовски, секретар на ОО на Сојуз на борци од Куманово.

 

[huge_it_gallery id=”88″]

 

Дозволете ми да ја искажам мојата радост за обележување на денот кога заедно со Панче Пешев, Живко Чало, Методи Томовски – Панче, Миле Кипра, Миле Домузлиски  и јас, излеговме во партизани.

– На 25 јули, се разбудив дома и мајка ми послужи јадење, со зборовите да одам во центарот на градот, за да се уверам дека не постои опасност дека ќе бидеме нападнати од Бугарите. Кога излегов, видов дека е мирно, но бугарскиот пук се упати кон Средорек, по што Панче Пешев ми рече дека Бугарите прават и ноќни вежби, и за да не бидеме откриени, решивме да излеземе на 26 наместо на 25 јули, истакна денес Јордан Цеков – Дане.

Loading...

Останатите четворица партизани кои се сретнале во нас. Бедиње, во 1943 година, воделе сметка да не ја повторат грешката од 1941 година кога биле разбиени првите кумановски одреди, и на 26 јуни, заедно со остантите седум партизани се придружиле на црнотравскиот партизански одред, вели Благе Јакимовски, секретар на ОО на Сојуз на борци од Куманово.

Јордан Цеков – Дане (Куманово, 15 јули 1921) е македонски публицист и командант на Третата Македонска Ударна Бригада, учесник во НОБ од 1941 година, и поранешен пратеник во Собрание на Народна Република Македонија.

Роден е во Куманово, во тогашното Кралство СХС, како трето дете на Денко и Вета Цекови.