Kолумбија го зголеми производството на кока за 43 осто!

Сподели со своите пријатели

Колумбија го зголеми одгледувањето на кока – главната состојка во нелегалната дрога кокаин – за 43 отсто, се вели во новиот извештај на Обединетите нации.

Loading...

Минатата година, површината за одгледување кока се прошири на неверојатни 204.000 хектари.

Колумбија е најголемиот светски производител на кокаин.

Ова е највисока бројка откако Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) почна да собира такви податоци во 2001 година, јавува Би-Би-Си.

Левичарскиот претседател на Колумбија Густаво Петро ја нарече војната против дрогата неуспешна и сака да ја регулира индустријата и да ги прошири програмите за замена на нелегалните култури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емирот на Кувајт назначи нов премиер

Најголем дел од колумбискиот кокаин оди во Европа и САД, кои се најголеми светски потрошувачи на оваа дрога.

Колумбија со години се бореше да ги натера земјоделците да се откажат од производството на кока, но ветувањата за стимулации и субвенции не се реализираа, јавува Радио Слободна Европа.

Културата на кока цвета особено во областите блиску до националните граници или со лесен пристап до морето, се вели во извештајот на ОН, во кој се истакнува дека илегалните вооружени банди, шверцерите на дрога и производителите работат заедно во тие региони.

Loading...

УНОДЦ вели дека одгледувањето на кока продолжува да ја загрозува биолошката разновидност на Колумбија, придонесувајќи за уништување на шумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се жали дека кинеската стока ги преплавила пазарите. Еве што му кажа Си на Шолц денес

Околу половина од плантажите на кока се наоѓаат во посебни зони за управување со земјиштето, вклучувајќи ги и шумските резервати.