Колку време треба да помине за да ја повикате девојката на романтичен викенд?

Сподели со своите пријатели

Дали сонувате за романтично патување до Венеција, запросување во Париз, меден месец на Малдиви или ќе бидете среќни кога вашето момче со кое се забавувате два месеци ќе ви предложи заедничко летување?

Loading...

Луѓето имаат различно сфаќање колку треба да помине и кога е вистинското време да отпатуваат со саканата личност на некоја далечна дестинација. Најновото истражување покажало дека не треба многу да се чека – што побрзо, тоа пободбро.На заедничкото патување треба да одите по три месеци.

Студијата спроведена на над 1.000 возрасни во хотелот Хилтон покажала дека шест од 10 лица сметаат дека три месеци е доволен период кој треба да помине за време на забавувањето.

Заедничкото летување претставува вистински тест за некои врски и би требало да претходи на одлуката да почнете заедно да живеете. За тие неколку дена за партнерот можете да научите повеќе отколку за недлеи и недели забавување – вели Меделин Мејсон, советник за запознавања.

Не постои подобар начин некого добро да го запознаете од патување. На овој начин можете да дознаете како вашиот потенцијален парнер на долги стази реагира на одложување на летото, метежи во сообраќајот или некои слични ситуации кои можат да ви покажат дали тој е оној вистинскиот -вели психологот Антонија Хол.

Ако успешно сте ги минале заедно празниците шансите дека сте подготвени за заеднички живот се големи. Имајте на ум дека заедничкото летување и заедничкиот живот сепак не се идентични.

Од една страна вака ја тестирате компатибилноста, но и како ќе реагирате на промени. Партнерите многу повеќе време ќе минуваат заедно и се осудени едно на друго, што е целосна нова околност од досегашните искуства.

Студијата открила дека од три сингл личности, една би на пат отишла за да пронајде нова љубов.

Loading...

На одмор често сеоди за да се започне летна романса или да се запознае некој странец. Главни виновници за тоа се сонцето, романтиката и допаминот, кој ќе ви го поправи расположението – додала Хол.

Leave a Reply