Колку свежиот воздух е навистина здрав?

Сподели со своите пријатели

Неодамнешни студии кои доаѓаат од Далечниот исток покажуваат колку свежиот воздух е навистина здрав и колку неговото влијание врз здравјето на човекот се разлика од она што го вдишуваме во градските средини.

Во затворени простории воздухот бргу го губи кислородот. Кога седите зад столот, дишењето е плитко и површно. Тоа резултира со замор и недостаток на концентрација, пишува „Дојче веле“.

Вежбањето на свеж воздух од друга страна доведува до длабоко дишење. Тогаш се зема премногу кислород и се исфрла застарениот воздух од белите дробови. Како резултат на тоа добиваме повеќе енергија и подобро расположение.

Корејските лекари исражувале колку свежиот воздух навистина е поздрав од загадениот. Тие испратиле 43 постари жени на едночасовна прошетка во шума, а други 19 шетале низ градот.

Резултатите покажале дека крвниот притисок кај оние кои шетале низ шумата е значително намален. Еластичноста на нивните артерии била подобрена, наспроти оние кои шетале низ урбана средина.

Другата студија спроведена во Јапонија покажала дека одењето низ шума го намалува крвниот притисок и бројот на срцеви отчукувања. Покрај тоа, јапонскиот медицински факултет во Токио пронашол дека прошетката низ шума ги активира природните клетки убијци, компонента на имунолошкиот систем која се бори против ракот.