Колку штеделе кумановци во почетокот на шеесеттите?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 293 милиони 568 илјади динари изнесувале заштедените пари на граѓаните на Кумановската околија во 1961 година, а веќе следната овие средства порасанале за околу 40 милиони динари.

Парите кумановци ги штеделе во Комуналната банка.

Меѓутоа на сметка на штедењата, растеле и обврзниците за потрошувачки кредит, кои во 1961 година изнесувале 500.976.000 динари, а истите веќе следната 1962 година се зголемиле за скоро 200.000 динари.

Комуналната банка во тој период играла особено позитивна улога во помошта на стопанските организации. Во текот на 1962 година краткорочните кредити на стопанските организации растеле, а банките издале 895 милиони динари за стопанските организации, од кои 162 милиони биле ставени на располагање на Фабриката за крупна кожа, на Фабриката на трикотажа и конфекција „Киро Фетак“ околу 150 милиони, додека Фабриката за чевли „Чик“ добила кредит од 145 милиони.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 27 (четврток, 29 ноември 1962. година)

Leave a Reply