Колку шеќер, сол и леб можете да јадете во текот на еден ден?

Сподели со своите пријатели

Нутриционистите често ни даваат одредени насоки за тоа како да усвоиме здрави навики во исхраната што е можно полесно.

Loading...

Некои се едноставни, а некои не се. Ова е предлог колку храна и основни хранливи материи треба да внесувате во текот на денот за да му ја обезбедите на телото потребната енергија, и да избегнете претерување.

Две банани

Бананите обезбедуваат хранливи материи и влакна, а не треба да јадете повеќе од две во еден ден. Тие ја намалуваат надуеноста, помагаат во контрола на апетитот и се одлична замена за шеќер.

 

 

Лажичка сол на ден

Loading...

Возрасните не треба да јадат повеќе од шест грама сол дневно, што е приближно една кафена лажичка. Ова ја вклучува солта во храната, која исто така треба да биде вклучена во дневниот внес.

Децата од прва до трета година не смеат да јадат повеќе од два грама сол дневно, од четири до шест години повеќе од три грама сол дневно, а од седум до 10 години повеќе од пет грама сол дневно.

Лажичка и пол маслиново масло

Една и пол лажичка маслиново масло дневно е одлична за здравјето. Секако, треба да имате на ум дека маслиновото масло ја губи својата хранлива вредност кога се загрева, па затоа најдобро е да го користите како прелив за салати или како прилог.

Шест лажички шеќер

Истражувачите препорачуваат дневната доза на шеќер да не надминува шест лажички за жени и девет за мажи.

 

Loading...

 

Шест парчиња леб на ден

Ако јадете леб од цели зрна, упатствата за исхрана велат дека е во ред да јадете шест парчиња дневно. Белиот леб и пецивата, пишува Bright Side, би требало да бидат умерено на вашето мени.

Еден портокал

За да ги задоволите дневните потреби за витамин Ц, доволно е да изедете еден сочен портокал.