Намирниците во текот на процесот за преработка губат значителен дел од состојките од витално значење, додека истовремено во нив доспеваат штетните материи. Денес, за жал, претежно користиме преработена храна (дури и свежите намирници се пастеризираат за да им се продолжи рокот).
– Секоја година, со храната внесуваме три до пет килограми хемикалии во организмот, а за хормоните, антибиотиците и пестицидите и да не зборуваме, вели Марк хајман, директор на Центарот за функционална медицина на Клиниката во Квинленд.
Предупредувајќи на штетните последици, се предалага решение: комбинација на веганска исхрана и палео-диета, т.е. пеганска исхрана.
Палео исхраната е базирана на исхрана на луѓето во камено време. Тоа значи дека не користите ориз, компир, тестенини и леб. Мешунките и расителните масла, освен масилоновото, исто така се табу. Дозволена е само непреработена храна, без било какви додатоци. Од друга страна, веганите користат намирници со животинско потекло, вклучително и млеко и јајца.
Двете варијанти имаат и предности и недостатоци. Веганите претежно патат од недостаток на витаминот Б12, кој постои само во производи од животинско потекло.
Палео исхраната е корисна само за време на краток период, затоа што висок дел од протеините (јајца и сирово месо) во текот на подолг период доведуваат до дебелење.
Пеганската исхрана ги обединува овие два модели, а подразбира што повеќе зеленчук и што помалку шеќери. Забранети се: растителни масла, освен маслиново, млечни производи, мешунки, глутен, додатоци. Месото е дозволено, но само како додаток, а не како главно јадење.
Најмалку две третини од намирниците во оваа исхрана се овошјето и зеленчукот. Потоа, тука се здрави масти од орашести плодови, семки и авокадо.
Основна цел на ваквата исхрана е враќање на традиционалните навики во исхраната.
– Во почетокот сме јаделе повеќе од 800 различни видови растенија и диви животни, вели Марк Хамјман, творец на преганизмот.
Наспроти веганската исхрана, пеганизмот во извесна мерка дозволува внесување на квалитетни животински производи. Туак спаѓаат риба богата со омега-три масни киселини и млечни производи од биолошко производство. Овчото и козјото сирење и млеко.
Поголемиот дел од експертите ја поддржуваат оваа диета, но со една замерка.
– Иако тежнението е на добрите масти, овошје и зеленчук, како и доволно внесување на протеини, не се сложувам во целост да се исфрлат житариците, мешунките и млечните производи, вели Вандана Шет од Академијата за нутриционизам и диететика.
Заклучок: пеганскиот пристап е многу препорачлив, но требало да биде надополнет со внесување на доволна количина влакнести материи.