Колку поскап хотел резервирате на Малта, толку повеќе ќе заработите

Сподели со своите пријатели

Со цел да го оживеат туризмот по пандемијата на коронавирусот, властите на Малта објавија план за финансиски охрабрување на туристите кои ќе одлучат да останат во хотелите во оваа островска земја од јуни.

Loading...

Според магазинот Travel and Leasure, Министерството за туризам на Малта ќе исплати парична компензација на секој посетител кој ќе резервира престој од минимум три ноќи во одредени хотели со три до пет sвезди.

 

 

Туристите кои престојуваат во хотели со пет sвезди ќе добијат по 100 евра по лице за секоја резервација, додека гостите во хотел со четири sвезди ќе „заработат“ 75, оние пак во хотел со три, ќе добијат 50 евра.

Министерот за туризам Клејтон Бартоло додаде дека хотелите ќе им дадат иста сума на своите гости, така што секој посетител може да добие до 200 евра за тридневен престој во хотел со пет sвезди.

Оние кои одат на островот Гозо, вториот по големина остров во малтешкиот архипелаг, добиваат дополнителни 10 проценти стимул.

Loading...

 

 

Со три и пол милиони евра наменети за започнување на туризам по пандемијата, Малта се надева дека ќе може да привлече повеќе од 35.000 туристи.

Во моментов, Малта се уште е делумно блокирана поради пандемијата, а дури неодамна започнаа со делумно отворање.

Долго време беа отворени само основните продавници за храна, а другите продавници ќе работат од 26 април. Од тој датум, групи од четири лица ќе можат да се соберат на јавно место, како што е наведено на веб-страницата на малтешката туристичка организација.

 

Loading...

 

Од 1 јуни, државата ќе биде официјално отворена за патници.

Според податоците, Малта генерира 27% од своите приходи од туризам, а кога ќе имаме предвид дека намалувањето на бројот на туристи во претходната година е 80%, разбирливо е дека властите се решија на ваков потег.

Leave a Reply