Колку пати месечно мажите треба да ејакулираат за да бидат здрави: Бројката ќе ве изненади!

Сподели со своите пријатели

Откриен е „магичен број“ за тоа колку пати месечно мажите треба да ејакулираат за да бидат здрави.

Loading...

Не е тајна дека ејакулацијата е важна за здравјето на мажите – експертите веќе долго време го истакнуваат ова. Сепак, истражувањето спроведено на Харвард точно утврди колку пати месечно треба да се ејакулира, се со цел да се намали ризикот од рак на простата.

Студијата, која беше објавена и на веб-страницата на Европската урологија, покажа дека мажите кои ејакулираат најмалку 21 пати месечно, имаат една третина помал ризик од рак на простата.

Во студијата учествувале 31.925 мажи, кои пополниле три прашалници за фреквенцијата на ејакулација помеѓу 1992 и 2010 година.

 

 

Резултатите покажаа статистички значајно намалување на шансите за појава на рак на простата кај мажите кои ејакулирале почесто.

Loading...

“Истражувавме дали фреквенцијата на ејакулација во зрелоста е поврзана со ризикот од рак на простата. Откривме дека поголема фреквенција на ејакулација е поврзана со помал ризик од рак на простата. Ова откритие е дополнителен доказ дека почестата ејакулација во зрелоста носи здравје“, велат научниците.

Ова не е прва студија што ја поврзува мастурбацијата со намален ризик од рак. Истиот заклучок го донесоа австралиските научници во 2003 година,

Експертот кој го водеше истражувањето во Австралија, Греам Џилс, истакна дека „колку повеќе ги миете каналите со ејакулација, толку помалку токсини има внатре“.

Leave a Reply