Колку пари ви требаат за летување во Црна Гора? Ова се цените!

Сподели со своите пријатели

Често го планираме буџетот за годишен одмор со месеци однапред, и за нас е многу важно да знаеме колку џепарлак да земеме на патувањето.

Loading...

Многу туристи ќе одат во Црна Гора ова лето, па затоа е важно да знаете што да очекувате од патувањето и да бидете подготвени за тоа колку ќе потрошите.

Цените на сместувањата на црногорското крајбрежје се за 10 до 30 проценти пониски отколку во претходните години.

 

 

Туристите кои моментално се наоѓаат во Црна Гора велат дека сè уште нема гужви, но дека плажите стануваат полни, а неколку лежалки со чадор чинат и до 10 евра.

Цените во рестораните и кафулињата се слични како и во останатите балкански градови, додека во продавниците се малку повисоки.

Loading...

Инаку, на крајот на минатата недела околу 58.000 туристи престојувале во Црна Гора, што е 80 проценти во споредба со истиот период во 2019 година, рече црногорскиот министер за економски развој, Јаков Милатовиќ, на својот Твитер профил.

Тој истакна дека е задоволен од големиот број луѓе на плажите, бидејќи тоа е „најдобар доказ за обновување на туризмот во Црна Гора по минатогодишното затворање поради пандемијата“.

 

 

Сместување во јули од 30 евра по лице

Според црногорските туристички работници, цените на годишните одмори на ривиерата Будва се моментално многу поволни, така што ноќта во приватно сместување, во зависност од категоријата, чини од 10 евра по човек нагоре.

Во екот на сезоната, во текот на јули, цената на ноќевање со појадок во хотели со три sвезди ќе се движи од 30 евра по лице, а во хотели со четири sвезди од 45 евра.

Loading...

Полупансион во сместување од највисока категорија, во хотели со 5 везди може да се најде за 75 евра.

Голем е интересот за летни одмори во Херцег Нови, каде очекуваат стапката на искористеност на сместувањето да биде помеѓу 60 и 70 проценти во однос на 2019 година.

 

 

Кревет во хотелско и апартманско сместување е подеднакво баран.

Во текот на јули, цената на ноќевање со појадок во хотели со две и три sвезди се движи помеѓу 20 и 35 евра, додека додатокот за оброци се движи од 3 до 7 евра по лице.

Во хотели со 4 ѕвезди, полупансион чини од 40 до 60 евра. Во хотели со 5 везди, цените се движат помеѓу 95 и 115 евра по лице за ноќевање со појадок и за сите дополнителни услуги.

Loading...

Што се однесува до приватните апартмани, просечната цена за двокреветниот стан е околу 30 евра.

Туристите кои се наоѓаат на црногорското приморје овие денови велат дека сè уште нема голема гужва, но плажите се полни. Пар лежалки со чадори за сонце може да се изнајмат на некои од најпопуларните плажи за седум до 10 евра.

 

 

Во рестораните и кафулињата цените на храната и пијалоците се слични како и во останатите градови на Балканот, додека во продавниците се поскапи за 10 до 15 проценти.

Loading...

Дополнително на сето ова земете ги предвид и цените за патување, во зависност од тоа дали ќе одите преку некоја од туристичките агенции или во приватна режија.

Leave a Reply