Колку неважечки ливчиња имаше на изборите во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 2.068 гласови во Куманово биле неважечки на вчерашните локални избори за градоначалник и 1.599 за изборот на советници, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, откако се преработени 99,88 отсто од вкупниот број на гласови.

Loading...

Своето гласачко право во текот на вчерашниот ден го оствариле вкупно 46.164 лица, од вкупно 93.986 гласачи регистрирани во избирачкиот список.

Тоа е излезност од 49,18 отсто.

Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња за градоначалник во Куманово се 44.096, додека за членови на совет се 44.565.

Вчера изборниот процес во Куманово се спроведе на 167 избирачки места.

Никола Ивановски