Колку казни за неносење маска напишала кумановската полиција минатата недела?

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (од 01.03 до 05.03) полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово напишале вкупно 509 казни за непочитување на законската обврска за носење заштитна маска на лицето.

Loading...

Најголем дел од казните биле на подрачјето на Општина Куманово, вкупно 331, следуваат Крива Паланка со 119 и Кратово со 59 казни.

Од изречените прекршочни налози, во Буџетот на државата би требало да завршат помеѓу 5.090 и 10.180 евра, со оглед дека казната изнесува 20 евра, но ако се плати во рок од една недела истата изнесува десет евра во денерска противвредност.

Никола Ивановски

Leave a Reply