Колку изнесува детсткиот додаток во Германија?

Сподели со своите пријатели

Во Германија беше најавено дека ќе се зголеми детскиот додаток кој го добиваат околу 17 милиони деца во Германија.

Loading...

Министерот за финансии на оваа земја Кристијан Линднер (ФДП) најави обемен пакет поволности за помош на граѓаните.

Дел од олеснувањата вклучува и зголемување на детскиот додаток.

Ваков предлог министерот за финансии дал на крајот на јули, а сега се познати и првите детали.

Веќе во 2023 година може да се очекува големиот пакет помош на Линднер.

Мерките вклучуваат 10,1 милијарди евра, пренесуваат германските медиуми.

Тука, меѓу другото, спаѓа и зголемување на основниот додаток и на детскиот додаток.

Догодина основната давачка би се зголемила од 10.348 евра на 10.633 евра. Највисоката даночна стапка треба да важи само за повисоки плати, пишува магазинот Феникс.

Loading...

Неодамна, стапките за детски додаток беа зголемени за по 15 евра во јануари 2021 година.

Коалицијата Семафор планира да ја рестартира семејната поддршка со нова мерка. Основното детско осигурување наскоро треба да се замени со детски додаток.

Семејствата треба да имаат корист од пакетот помош со зголемување на детскиот додаток – на минимум.

За првите две деца во 2023 година треба да има осум евра повеќе месечно, па детскиот додаток ќе се зголеми на 227 евра.

За трето дете треба да биде само две евра повеќе, па исто така 227 евра. Со оглед на инфлацијата, оваа одлука ги расипа очекувањата на многумина.

Според германските медиуми, во 2024 година треба да следи уште една инјекција од околу четири милијарди евра.

Тогаш парите за првите три деца повторно се зголемуваат на вкупно 233 евра.

Износ на додаток по број на деца во 2022 година:

за едно дете: 219 евра

Loading...

за две деца: 438 евра

за три деца: 663 евра

за четири деца: 913 евра

за пет деца: 1.163 евра