Колку гоини се потребни афричкиот континент да се раздели на половина?

Сподели со своите пријатели

Се појави нова пукнатина, долга 56 километри во етиопската пустина.

Loading...

Земјината кора е составена од десетина големи тектонски плочи кои постојано се судираат.

Новите сателитски мерења нудат вредни податоци за проучување на тектонска почва на едно од најпознатите геолошки невообичаени места на планетата, пишува американската ТВ NBC на својата веб-страница.

На тоа место, кое е едно од најжешките места на Земјата – по сувото подрачје на Афар, во Источна Африка, можно е да се застане токму на местото каде што, длабоко под земја, континентот се распаѓа.

Овој целосно пуст простор се наоѓа над крстосницата на три огромни, тектонски плочи кои многу полека се „соголуваат“ едни од други. Тоа е сложен геолошки процес за кој научниците велат дека целосно ќе ја подели Африка на два континента и ќе создадат нов океански басен за најмалку неколку милиони години.

Засега најголемиот доказ е новата пукнатина, долга 56 километри во етиопската пустина.

Научниците со децении ја проучуваат тектонската судбина на африканскиот континент, а новите сателитски мерења им помагаат подобро да ги следат и да ги разберат промените.

– Ова е единственото место на Земјата каде може да се проучи како континенталниот простор станува океански – рече Кристофер Мур, од Универзитетот во Лидс, во Велика Британија, кој работи на тоа.

Loading...

Се проценува дека формирањето на нов океан во Африка ќе трае најмалку пет до десет милиони години. Особено е интересно за научниците затоа што се случува во Афар – на границата со нубијските, сомалиските и арапските плочи, бидејќи таа област има уникатни геолошки карактеристики.

Leave a Reply