Колку долго треба да го шетате вашето куче?

Сподели со своите пријатели

Колку често и колку долго треба да го шетаме своето куче, е често прашање на сопствениците кои штотуку набавиле домашен миленик. Експертите сметаат ека таа потреба исклучиво зависи од расата на кучето.

Имено, некои кучиња имаат потреба да истрчаат и со нив да минувате и по час до два дневно на воздух, додека некои се помалку захтевни и потребната количина за вежбање ја обавуваат дома. Покрај расата на сатницата за шетање исто така влијае староста, дождот, топлината и карактерот на вашето куче.

Ако имате мало кутре потребата за излегување и прошетки е се почеста. За да кучето го научите нуждата да ја обавува надвор во почетокот е важно да го водите во прошетка на секои четири часа.

 

Loading...

Така прошетките би требало да траат кратко, најмногу 10 минути, а една од нив нека биде од 20 минути до половина час. Сепак, не претерувајте со активностите и вежбањето кај многу млади кучиња. Затоа што и претерувањето во активностите, макар тоа било одење по скали, може да му наштети на развојот на кучето.

Освен телесни повреди кучето може да стане претерано раздразнето, захтевно, па дури и агресивно, наведуваат експертите. Пред да наполни година дена не треба да оди на долги прошетки од час време. Возразните можат да шетаат 2 до 3 пати дневно. Не изведувајте ги само поради обавување нужда, туку и поради физичка активност, добра форма, здравје, дружење и игра со другите кучиња, дружење со сопственикот.

Запознајте го Мочи: Кучето со најдолгиот јазик во светот (видео)

Прошетките не би требало да бидат кратеки, туку според вашите можност и потребите на раста на вашето куче. Секако потрудете се прошетките да траат барем од 30 до 45 минути.

Однесувањето на кучето и неговата желба за излегување надвор ако паѓа дожд зависат од него. Некои кучиња никако не сакаат дожд. Доколку мора да имаат нужда, тоа ќе го направат со брзина на светлината. Повторно има и кучиња на кои дождот ниту ветерот нема да им пречат. Одредени кучиња дури обожаваат да ги шетате по дождот, а прашање е колку таа активност вам ќе ви биде пријатна.

Leave a Reply